Прскање против комарци во Липково
23.07.2014 07:04
| KumanovoNews
Екипи од Центарот за јавно здравје, утре во доцните вечерни часови, ќе спроведат дезинсекција против комарци на територија на општина Липково.

- Апелираме до пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Дезинсекцијата ќе се врши од земја и има за цел да спречи појава на болести кои ги пренесуваат комарците. Поради неповолни временски услови дезинсекцијата може да биде одложена за наредниот ден.