Прскање против комарци во Старо Нагоричане
20.08.2014 12:48
| KumanovoNews
Во понеделник во вечерните часови ќе се изврши втората фаза од прскање на комарци од земја во општината Старо Нагоричане.

Од Центар за јавно здравје Куманово апелираат до пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелите и да ги затворат во кутии со доволни колични на вода. Во случај на лоши временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за наредниот ден.