Мени

Прскање против крлежи во Куманово

23.08.2020 18:47 | KumanovoNews

 На подрачјето на Општина Куманово, утре и задутре (понеделник и вторник) ќе се изврши дезинсекција против крлежи.

Прскање против крлежи во Куманово

Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови.

„Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата , тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден“, велат од Општината.

Третираните површини ќе бидат видно обележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено по извршувањето на третманот.