×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прва групна крштевка во Свети Никола

    06.06.2015 10:38 | KumanovoNews

    Петнаесетина кумановци утринава се крштеваа на првата групна кртевка  во црквата Свети Никола во Куманово.

    Прва групна крштевка во Свети Никола

    Светото крштевање го извршија неколку свештени лица со благослов на митрополитот кумановско-осоговски господин Јосиф во базенот пред црквата.

    Главно се повозрасни лица кои од различни причини не биле крстени во минатото и денеска имаа можност да ја примат православната вера, господ и светиот дух во себе. Крштевањето е она што се вика членство во црква, ниту една света тајна не може да се изврши додека човекот не биде крстен,- изјави отец Антони Стојковски.

    Кандидатите за крштевање блечени во бели наметки влегоа во водата на базенот, каде трипати беа потопувани од свештениците.Меѓу крстените имаше луѓе од сите возрасти, момчиња и девојчиња, но и посари сограѓани. Не беа многу расположени да заборуваат за медиумите.

    Татко ми беше комунист своевремето и така, од интернет дознав сметам дека ова е добар чин, возбудено се чувствувам, -рече Билјана Митревска (50).

    Групните крштевки ќе продолжат и во иднина, а неодмана беше организирана и групна венчавка.