Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Попустите за билети кои се нудат за пензионерите, младите до 27 години и лицата од загрозените семејства придонесоа за поголема посетеност на театарските претстави и други манифестации во Центарот за култура во Куманово.
Само за Денови на комедија имаше по 120 билети со попуст на една претстава. На секоја претстава имаше по двајца посетители од социјални семејства, имаше многу пензионери и млади. Попустите важат за сите програми кои ги прави Центарот за култура и театарот, освен за надворешни проекти - велат вработените на билетара.
Пензионерите и младите до 27 години имаат 50 отсто попуст, а граѓаните од сиромашни семејства добиваат бесплатни билети за посета на културни настани.
Оваа мерка важи на државно ниво и дава резултати во културната наградба на граѓаните.