Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска беше пуштен во употерба новиот производствен погон за преработка на арматурно железо на компанијата Стил-кон во селото Младо Нагоричане.
Проектот е вреден 3,5 милиони евра, а ќе обезведи 100 нови работни места.За инвестицијата компанијата добила грант од холандската влада во вредност од 750 илјади евра.
„Денешното отворање на новиот погон за преработка на арматурно железо е круна на партнерската соработка меѓу Македонија и Холандија.Ние сме компанија единствена по многу нешта во Македонија, а сега ќе бидеме единствени по високо софистицирана опрема и погон единствен од таков тип“, изјави сопственикот на Стил Кон, Бобан Тодоровски.
На свеченото пушптање во употреба на погонот присуствуваше и лентата ја пресече премиерот Никола Груевски.
Кризата ја пребродивме, а доказ за тоа се инвестициите кои овој период влегоа во земјава, но и овој нов погон за челични конструкции и преработка на арматурно железо кој се отвора денеска. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст“, истакна премиерот Груевски.
За 6 години постоење, Стил- кон работела на големи проекти во соседните земји, Словенија, Германија, како и во Африка. Со новата инвестицијата капацитетот на компанијата за арматурно железо ќе достигне над 15 илјади тони на годишно ниво.