×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштена во употреба Турската чешма

    12.11.2013 13:42 | KumanovoNews

    Турската чешма, донација од Ѓоксел Ѓумушдаг заменик - градоначалник на Истанбул со потекло од Куманово денеска беше свечено пуштена во употреба.

    Пуштена во употреба Турската чешма

    Чешмата се наоѓа во маалото кај слаткарницата Баш Пеливан, во кое до пред пет децении живееле родителите на Ѓумушдаг. Тие имале желба на тоа место да се направи чешма во чест на сите Турци кои живееле во Куманово. Чешмата е рачноизработена и тежи 4 тона. За неа Ѓумушдаг вели дека ќе постои со векови како спомен, но и ќе им користи на граѓаните.

    Моите родители во 1959 година се иселиле од овој крај и на старите слики се гледа дека тука постоела чешма. Со помош на Општина Куманово ние решивме во име на моите родители да изградиме една чешма. Јас како син на Хасан и Фетије Ѓумушдаг решив да направам едно добро дело, да изградам чешма - изјави Ѓумушдаг.

    И неговите родители рекоа дека по Турција, Македонија е нивна втора татковина каде со задоволство доаѓаат.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски објасни дека локалната самоуправа обезбедила локација, проект и водоводна мрежа за изградба на чешмата.

     Тоа  е една убава чешма која ќе го украси градот и ќе биде спомен. Работено е 40 дена на овој проект, изработен е со орнаменти типични за ориенталната уметност.  Сметам дека ова е добар почеток за понатамошна соработка во сите сфери. Има најава за донација во спортот, за нашите екипи. Ова пријателство ќе даде придонес за Куманово - рече Дамјановски.

    Тој додаде дека ќе соработуваат на полето на спортот, културата и на економски план.

    Повозрасните граѓани од овој дел на Куманово се сеќаваат на чешмата која порано постоела на ова место.

    За време на голем одмор, кога бев ученик доаѓав да пијам вода. Тоа беше 1947 и 1948 година кога сум биле дете во прво и второ одделение. Прво течеше вода без застој, а потоа ја направија со ограничување. Тогаш немаше водовод во Куманово и од тука сите комшии, жители полнеа вода - раскажува Сулејман Идризи, граѓанин.

    Тој објаснува дека од оваа чешма вода користеле сите граѓани, Македонци, Турци, Албанци.

    Ѓумушдаг пред извесно време беше во посета на Општина Куманово и тогаш го најави овој проект.