Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Асфалтирани се дел од улиците “Жикица Јовановиќ - Шпанац“ во Тоде Мендол и “4“ во Черкеско село.
Улиците денеска беа предадени во употреба, а градоначалникот најави дека наскоро ќе започне да се гради и улицата “Васа Пелагиќ “.
Улицата “Жикица Јовановиќ - Шпанац“ и “Доктор Рибар“ се во должината од 150 метри. Изградени се и тротоари до пристапите на зградите, бидејќи овдека е густо населено местото. За асфалтирање на овој крак од улицата потрошени се 2.5 милиони денари. - изјави Дамјановски.
Улицата во селото Черкезе започната е пред 2 години. Лани се асфалтирани два дела, а сега последниот крак од околу 380 метри. Потрошени се 6.600.000 денари.
Координаторот на советничката група на ДУИ, Ридван Асани е задоволен од сработеното.
Оваа динамика откако сме во коалиција веќе шест месеци испаѓа дека во просек по една улица во месецот се прави. Очекуваме проблемите на граѓаните во наредните 4 години да бидат решени - вели Асани.
Градоначалникот денеска ја посети и улицата “Васа Пелагиќ“ каде е изградена водоводна и канализациона мрежа, а улицата ќе се асфалтира во должина од 300 метри. Деновиве ќе се избере изведувач и ќе почне да се работи и на улицата “Никола Вапцаров“.