×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работилница за деца во рамки на Фестивалот на проза во Куманово

    31.05.2024 14:56 | Оливера Пешевска

    Шеесетина ученици од петто одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ денеска присуствуваа на детска литературна работилница, која е дел од Фестивалот на прозата во Куманово.

    Работилница за деца во рамки на Фестивалот на проза во Куманово

    Модератори беа Владимир Лукаш и Искра Димковска, кои на забавен начин презентираа приказни за деца и раскажување со различни методи.   

    Најголем интерес имаше за раскажување на видео- игри, но покажаа и знаења за вештери и магионичари, познавања за особености при празнување на некои празници во различни култури.


    „Добивме покана, а соодвествува со наставниот план и програм што ќе работиме. Бевме и минатата година, поканата ја прифативме со раширени раце, на воодушевување и на децата и родителите. Учениците многу сакаат да посетуваат културни манифестации, театри, да гледаат претстави, се влучуваме во секоја книжевна работилница и литературен конкурс и читање каде што можеме и ќе не повикаат“, истакна Анета Станковиќ - Јанковска, одделенски наставник во „Крсте Мисирков“.

    И покрај генералната оценка дека современата технологија преовладува,  одѕивот на учениците покажа дека интересот за читање не е намален. Читањето ја поттикнува креативност и елоквентноста на децата, докажува дека и покрај користењето на англицизми денешните генерации го сакаат и почитуваат мајчиниот јазик. А ваквите работилници многу помагаат за литературно изразување и за јазичните вештини, како и целокупниот успех на учениците.

    „Ова година организацијата на детскиот дел од фестивалот е поинаков, но повторно по мерка на децата, што може да се забележи по вниманието со кое следат и нестрпливоста да се вклучат и тие да кажат нешто, да надополнат. Моја порака е што повеќе да се организираат и што поголем број на ученици да присуствуваат на вакви книжевни, литературни работилници“, заклучува Станковиќ - Јанковска.

    Пофалби и целокупни позитивни критики за двата фестивалски дена даваат и работници од културата во градот, изразувајќи задоволство што фестивалот расне и се етаблира на домашната и меѓународната сцена.

    „Сите пофалби за овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал на прозата во Куманово, за организацијата, директорот и неговиот тим , прекрасен избор на учесниците на фестивалот. Многу ми се допаѓа што има заинтересирана публика, посебно на работилницата за деца. Се организира да се подигне свеста кај децата за пишување, творење, креирање, да си го сакаат мајчиниот јазик, да читаат. Само пофални зборови за организаторите и Фестивалот во целина“, потенцира Сања Давидовиќ, член на Советот на фестивалот.

    Ова е трето издание на Фестивалот на прозата во Центарот за култура во Куманово, со амбиција да стане традиционален. Министерството за култура, овогодинешниот фестивал го поддржа со 500 илјади денари.