×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работниците на Mонопол бараат државата да ги отпише долговите на фабриката

    15.10.2013 08:42 | KumanovoNews

     Поранешните работници на Тутунскиот комбинат Куманово бараат од Владата да ги отпише  долговите на нивната фабрика како што неколкупати го сторила тоа во Тутунскиот комбинат Прилеп.

    Работниците на Mонопол бараат државата да ги отпише долговите на фабриката

    Тие сметаат дека државата, како доминантен сопственик на капиталот, треба да има ист аршин кон сите свои стопански субјекти и да помогне фабриката да се рестартира наместо имотот да пропаѓа а работниците да седат дома без работа и никави права.

    Ги опростуваат долговите на Прилепскиот комбинат, па нека ги опростат и на нашиот. Ние бевме должни 20 милиони евра а Прилепскиот 83 милиони евра. Ако со камата на камата нашиот долг достигнал 100 милиони евра, тогаш Прилепскиот должи милијарда.-вели една од работничките.

    Откако фабриката во судка постапка му беше одземена на Бајруш Сејдиу поради незаконска приватизација и и беше вратена на државата, во април годинава се отвори стечајна постапка. Стечајниот управник сеуште не влегол во комбинатот да изврши увид во документацијата и да ги утврди долговите и побарувањата што ги направиле досегашните раководства. Во меѓувреме само работниците ги доставиле своите побарувања и со нетрпение го чекаат исходот. Тие десет години се на улица, без плата, осигурување и никакви права поради малверзациите кои се случувале во приватизацијата на овој тутунски гигант. Излезот од децениската агонија го гледаат само со помош на државата. Во Тутунскиот комбинат Куманово државата поседува 56 проценти од капиталот, а останатото е на работниците.