Мени

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово

04.05.2026 14:46 | KumanovoNews

Лекар од Итната медицинска помош вчера во 16:50 часот пријавил дека кај нив со повреди од струен удар бил донесен Б.К. (32) од Скопје.

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во дворно место на улицата „100“ во Куманово, сопственост на Д.Н. од Куманово.

Од струјниот удар, Б.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот биле известени јавен обвинител и инспектор за безбедност и здравје при работа од Државниот инспекторат за труд при Министерството за економија и труд.