Ракетен фрлач од 2001 година пронајден во викендица на „Менкова Колиба“
29.08.2020 17:00
| KumanovoNews
Ракетен фрлач кој останал од конфликтот во 2001 година бил пронајден во викендица во Кумановско.

А.Е. од Куманово, вчера пријавил во полиција дека во неговата викендица која се наоѓа на место викано „Менкова Колиба“ забележал експлозивна направа.
Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово и пиротехничар било излезено на местото, при што било констатирано дека се работи за рачен ракетен фрлач најверојатно од 2001 година и истиот бил безбедно подигнат за понатамошна постапка, информираат од МВР.