Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Разбојник е ранет додека сакал да ограби бензинска пумпа, но полицијата го начекала во заседа и пукала во него.
Инцидентот се случил утринава во 4 часот по полноќ на бензинската пумпа Твин петрол, во близина на Железничката станица Куманово. На пумпата дошле две маскирани и вооружени лица, од кое едниот извадил пиштол и се заканил на вработената да му ги даде парите од касата.
Бидејќи пумпата неколку пати беше цел на грабежи, полицијата поставила заседа. Во моментот кога ги забележале крадците ги предупредиле да се предадат. Еден од нив со пиштолот во рака се свртел кон полициските службеници, по што полицајците прво пукале во воздух, а потоа кон напаѓачите. Крадците се дале во бекство, но повредениот паднал, а другиот успеал да побегне. Повредениот е Б.Х.(19) од с.Синѓелиќ, кој по укажаната лекатска помош во Кумановската болница префрлен е на Клинилкиот центар во Скопје. Вториот разбојник побегнал со кола и по него се трага.
Увид на лице место извршиле полициско-судски екипи при што бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.