Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инспекциските служби вчера го расчистија просторот околу Зелениот пазар што беше узурпиран од нелегалните продавачи. Тезгите и камионите се отстранети од тротоатот, и веќе го нема ни сообраќајниот хаос.
Директорот на јавното претпријатие „Пазариште„ Фадиљ Шабани ја поздравува акцијата и смета дека конечно ќе се воведе ред околу пазарот.
Како што гледате акцијата ги даде очекуваните резултати. Нема повеќе диви продавачи околу пазарот и се надевам дека така и ќе остане. Јас повеќе пати повторував дека дел од пазарџиите кои ги продаваа своите производи надвот од пазарот имаат тезги внатре. Тие само си ги внесоа производите во пазарот, а мал дел кој немаа тезги од вчера масовно поднесуваат барања за закуп. Ние имаме тезги сите легално да ја вршат продажбата во просторот предвиден за таа намена- вели Шабани.
Директорот се надева дека надлежните служби овој пат ќе опстојат во одлуката, и нема да дозволат акцијата да остане без трајно решевање на проблемот.
Јавното претпријатие „Пазариште„ со години наназад трпи штета поради продажбата на производи на инпровизираните тезги околу пазарот, поради што раковоството бараше да се стави крај на овој проблем и да се отстрани грдата слика од најфреквентаната сообраќајница во градот.