×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица

    23.07.2022 17:02 | Сузана Николиќ

    Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.

    Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица

    Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело "разбојништво" до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, скопско. 

    Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.