×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Распеано симитче по 6-ти пат во Крива Паланка

    18.12.2020 21:42 | KumanovoNews

     Во Крива Паланка, по 6-ти пат, утре ќе се одржи Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, што го организира Цетарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, под покровителство на општина Крива Паланка и со поддршка на Министерството за култура.

    Распеано симитче по 6-ти пат во Крива Паланка

    На овогодинешното издание ќе бидат промовирани 10 нови детски песни со модерен аранжман, во изведба на младите од Крива Паланка и Куманово.

    Фестивалот ја продолжува традицијата во оваа музичка манифестација да бидат вклучени автори од општината и од регионот.

    „Автори на песните се проф. Игор Трајковски, Снежана и Оливера Николовски, Гордан Спасовски, Лариса Жулина Митовски, Билјана Петковска Антовска, Филип Додевски и Рената Кралевска. Дизајнот на промотивиот материјал е на Натали Велеска, видео продукцијата на Студио Лесански, фотографија на Ѓорѓи Костовски, видео презентација на Виктор Петровски и техничка поддршка Давид Ѓеорѓиевски“, истакна извршниот продуцент и директор на фестивалот Методи Цветковски на денешната прес конференција.

    Цветковски посочи дека на Детскиот фестивал, како и секоја година, и годинава ќе учествуваат специјални гости, а овојпат тоа се Вера Петкова и Ивана Манојловска, учесници на поранешните изданија на манифестацијата.

    Поради пандемијата со ковид-19 и препораките на Владата, оваа година фестивалот ќе биде одржан според предвидените протоколи, а сите љубители на детската песна ќе можат да ги проследат песните и онлајн на фејсбук страницата на Распеано симитче.

    (Ж.Ц.)

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk