Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април, а на 8 мај ќе се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.
„Првиот круг од 7. претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за 11. парламентарни избори, односно на 8 мај“, кажа Митрески на прес-конференција во Собранието.
Тој очекува во изборниот период сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти да дадат свој придонес за фер и демократски процес.
Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија и да усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.