Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири часа, советниците не успејаа да ја започнат расправата за донесување на буџетот на Општината Куманово за 2013 година.
Седницата заглави поради несогласувањата и препукувања на власта и опозицијата околу предлозите за ограничување на дискусијата по амандманите и терминот за негово донесување. Иако работата им оди јалово, советниците направија пауза за ручек и ќе ја продолжат работата по 14 часот.
Лично сметам дека советниците повеќе прават конфузија како да се однесуваат во своите дискусии, со намера да ја подобрат содржината на буџетот. Тие се држат повеќе до формалности, кои апсолутно немаат големо значење и подобрување на содржината на буџетот. Според мене, се што е деловнилки исправно, мора да се испочитува во дебата без разлика на политичка опција на советникот, па дури и на неговата содржина во амандманот да одстапува од ставката која се предлага во буџетот. За да излезем од овој ќорсокак потребно е разбирање и рационален компромис помеѓу опозицијата и позицијата, почитувајќи ги сите заложби преточени преку амандмани од двете страни. Опртимист сум дека буџетот ќе се донесе до 31 декември. Не верувам дека ќе има поголем конфликт меѓу советниците- вели советникот Бранко Арсовски.
Тој во целост го прифаќа буџетот во висина од 1.69 милиони денари или 20,8 евра.
Се работи за доста голем буџет и како таков има можност да ги подмири сите обврски на локалната самоуправа и усвоените развојни програми.- тврди советникот Арсовски.