×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте бројот на разводи во Куманово

    20.11.2012 10:33 | KumanovoNews

     Во последниве пет години постојано се зголемува бројот на разводи во градот. Лани имало поднесено 165 бракоразводни постапки, а од почетокот на годинава 125 партнери ја раскинале брачната заедница.

    Расте бројот на разводи во Куманово

    Како најчести причини за распаѓање на бракот се неверството, финансиските проблеми, влијанието на родителите, алкохолизмот, семејно насилство или заминување на печалба.

    - Имајќи во предвид дека до крајот на годината имаме уште два месеци, верувам дека овој број нема да биде конечен, ќе продолжи да се зголемува, но од друга страна се надеваме дека нема да го достигне оној рекорден резултат од 2011 година. Постапките се завршени, а Центарот има обврска да спроведе мировна постапка за брачни партнери кои имаат малолетни деца или полнолетни деца врз кои е продолжено родителското право. Доколку дојде до помирување, во тој случај постапката се запира, тужбените барања се стопираат - вели Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи Куманово.

    Пред да се донесе конечната одлука, надлежните служби три месеци прават обиди за помирување на партнерите. Многу од партнерите не сакаат на социјалните работници и психолозите да им кажат кои се причините за развод. Психологот Сузана Митровска вели дека првите три години од бракот се критични, бидејќи партнерите тешко свикуваат на обврските. Потоа доаѓаат другите фактори кои придонедуваат до распаѓање на бракот, како што се неверството, финансиските проблеми, влијанието на родителите, алкохолизмот, семејно насилство. Една од причините и заминување на еден од партнерите на печалба.

    - Самата далечнина доведува до губење на нивните чувства, бидејќи тоа трае подолго време. Некогаш брачните партнери остануваат во странство две до три години, некои повеќе. Се јавува губење на доверба, паѓа степенот на толерантност и едноставно доаѓа до непочитување. Моќта на парите прави партнерите сами да одлучат што понатаму со нивниот брак. Ако претходно имало блага толеранција, сега со заминување, со зголемување на материјалното, таа толеранција не постои - рече Митровска.

    Околу 5 до 10 отсто од разводите отпаѓаат на луѓе кои работат во Авганистан. Митровска објаснува дека колку што има разводи, има исто толку брачни другари кои живеат одвоено заради нарушени семејни односи, а не се разведени по судски пат.