×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разговори со Горјан Петревски во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“

    06.04.2022 07:44 | Жаклина Цветковска

    По повод Светскиот ден на литературата за деца, денеска, со почеток во 13.30 часот, во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе се одржи литературна средба, насловена „Разговори со Горјан Петревски“.

    Разговори со Горјан Петревски во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“

    Присутните ќе имаат можност преку разговор со познатиот авторот на дела за младите да се запознаат со неговото творештво и воопшто да се истакне важноста и потребата од литература за децата.

    Литературата за деца е предизвик за секој автор, бидејќи понатаму таа овозможува формирање на еден сериозен „читател“, кој ќе ги изразува своите ставови, мислења, па дури и самиот ќе твори. Потребата да се оформи идниот читател, да се развие креативноста и имагинацијата, да се негуваат и пренесуваат вредностите е од особено значење.

    Интерактивниот дијалог помеѓу авторот и присутните, писмата, белешките кои авторот ги поседува и кои се дел од неговите книги ќе бидат достапни на присутните, со цел да се истакне процесот на творење.

    Горјан Перевски е автор чии книги се вистинско непроценливо богатство. Меѓу нив е и најтиражниот роман „Марта“, кој учениците го обработуваат како лектира во основното образование.

    На настанот се предвидуваат различни активности (читање, цртање и раскажување), во зависност од интересот и желба на присутните.

    Проектот е поддржан од Министерство за култура.