×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разнесуваат пратки и прават промет од стотици илјади евра: Кои се најуспешни?

    02.09.2024 10:02 | KumanovoNews

    Е-трговијата зема сѐ поголем замав како на домашниот, така и на странскиот пазар. Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

    Разнесуваат пратки и прават промет од стотици илјади евра: Кои се најуспешни?

    Оваа бројка е за 18 насто повисока во однос на 2022 година. Како расте трговијата преку интернет, така расте и бројот на пренесени пратки. Овој тренд во Македонија создаде нова моќна индустрија за достава на пратки.

    Анализата што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа покажува дека иако Македонска пошта прави најголем промет, таа постојано трупа загуби. Државната компанија со 1.850 вработени направила приход од 20,5 милиони евра, но ланската загуба ѝ била 2,2 милиони евра!

    Така, Македонска пошта е прва по приход, но компанијата ДХЛ експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, која направила 11,5 милиони евра помалку приход од неа, има добивка од 371.000 евра, што ја прави најпрофитна фирма во Македонија од дејноста курирски и поштенски услуги.

    РЕТКО КОЈ ИМА НАД 100.000 ЕВРА ПРОФИТ

    За ДХЛ е очекувано да биде најпрофитна компанија. Оваа глобална компанија е синоним за пратки низ цел свет, а со оглед и на нивниот ценовник, дефинитивно може да заработуваат одлично.

    Другите компании од првата десетка на најпрофитни фирми за пратки многу често може да ги забележиме по нашите улици, а заедно со ДХЛ прават добивка од речиси 1 милион евра. Но, може да се види дека поединечно над 100.000 евра имале само 3 компании.

    Топ 10 фирми со најголеми добивки во 2023 година

    AД ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ПРИХОД ОД 20,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    Пошта на Северна Македонија е вон конкуренција во однос на другите даватели на поштенски услуги. Таа држи монопол над поштенските услуги за пратки за кореспонденција и пратки со директна пошта со тежина до 50 грама.

    Приходите на останатите компании од дејноста поштенски и курирски услуги оствариле промет од 450.000 евра до 9 милиони евра.

    Топ 10 фирми со најголеми приходи во 2023 година

    Во Македонија има 35 фирми со лиценца за поштенски услуги.

    ВО 10 ПОШТЕНСКИ ФИРМИ 2.487 ВРАБОТЕНИ

    Очекувано, шампион по вработување во поштенскиот сектор е АД Пошта на Северна Македонија – Скопје. Минатата година имала дури 1.850 вработени. На адреса на вработеноста, во изминативе години имаше многу критики. Како државна компанија таа се посочува како легло за партиски вработувања. На последните протести, пак, од страна на вработените беше нагласено дека нема доволно поштари и друг оперативен кадар за сметка на непродуктивните административци.

    Над 100 вработени има само во две поштенски фирми. Тоа се Карго Експрес ДООЕЛ увоз-извоз Битола, каде што платата ја заработуваат 176 лица и ЕКО Логистик сервис ДООЕЛ Скопје со 150 вработени.

    Во Македонија има 35 фирми со лиценца за поштенски услуги, а кај десетте најголеми работодавачи има 2.487 вработени.