×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разрешување на актуелното раководство на здружение на пензионери Куманово едно од барањата на денешниот собир

    22.08.2024 15:57 | Оливера Пешевска

    Разрешување на актуелното раководство, организирање на легитимни избори, промена на статутот со кој во иднина функциите ќе се обавуваат волонтерски се дел од барањата на членови на Здружение на пензионери Куманово. Тие одржаа собир на кој ги истакнуваа проблемите со кои се соочуваат и револт од игнорантскиот однос на претседателот Ристо Бошков и останатите функционери.

    Разрешување на актуелното раководство на здружение на пензионери Куманово едно од барањата на денешниот собир

    „Здружението не е ничија сопственост, туку на сите пезнионери во градот кои се еднакви по статус, а тие ни заклучуваат врата и не не пуштаат внатре. Единствено организираат да идат да шетаат, ама никој од нив не се потруди да ги посети пензионерите кои се дома, неподвижни или не можат да излезат да се изнајде начин ним да им се помогне. Имаме неколку други барања, на пример враќање на бесплатно банско лекување“, истакна Мирослав Цветковски, избран како претставник на насобраните.

    Ја сметаат за незаконска одлуката да се исплаќа надоместок на претседателот на собранието на здружението Назим Емини, одлука донесена на тајна средба, зад затворени врати, по забрзана постапка, по тврдење на насобраните. Револтирани се зошто не е усвоена иницијативата за исплата на еднократна парична помош во висина од илјада денари на 5 илјади пензионери со ниски примања и зошто не е покрената иницијатива за утврдување на износ на минимална пензија. Меѓу барањата се и почитување на законската обврска и ажурирање на членството на секои две години, како и апсолутна транспарентност во работењето.

    „Секако дека има и многу други неправилности и пропусти во работењето на актуелното раководство, но сметаме дека напред наведените причини се повеќе од доволни за да истите бидат разрешени од наведените функции и да се изберат нови вршители кои ќе имаат задача да организираат процедура за носење на нов Статут со измени во начин на бирање и работење на сите нивоа на организациона структура во согласност со Закон за здруженија и фондации и вклучување на што поголем број на членство во работењето и одлучувањето“, објасни Цветковски, ко нагласи дека барањата се потпишани своерачно од 261 членови на здружението.

    Според Статутот и правилниците на здружението за свикување на вонредно собрание потребни се 9,5 илјади гласови од членови- пензионери или две третини од вкупниот број на избрани делегати, кои се 35 на број.

    „Ги прифаќам сите барања кои се во рамките на законите на државата и статутот и правилниците на Здружението на пензионерите“, кратко одговори претседателот Ристо Бошков.