Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Семејствата Денковиќ и Христовски бараат од политичките партии во градот да не го злоупотребуваат името на народниот херој Мара Нацева во политички цели, по предлогот за доделување на општинска награда.
Ние како семејство не сме прашани ниту консултирани Мара Нацева да биде предложена за било каква награда и признание. Затоа апелираме до сите политички субјеки да не го злоупотребуваат ликот и делото на Мара Нацева. Партиите да престанат да се натпреваруваат околу признанијата, бидејќи Нацева во својот живот ги доби сите признанија и награди за она што го направила за оваа држава- велат од семејството.
Реакцијата уследи откако деновиве беше покрената иницијатива од независниот советник Виктор Цветковски, Нацева да добие награда за животно дело. Од СДСМ не го прифатија предлогот и најавија дека ќе предложат Нацева да биде прогласена за почесен граѓанин на Куманово.