Мени

Советот утре ќе расправа за ребалансот на буџетот

14.05.2026 09:21 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 13 точки.

Советот утре ќе расправа за ребалансот на буџетот

Советниците ќе ги разгледуваат предлог-одлуките за ребаланс на буџетот, програмата за развој, програмата за уредување на градежно земјиште, како и по две точки поврзани со компанијата „Лидл“ за донесување на ДУП на влезот на Куманово и отпочнување на постапка за измена на ДУП кај Автобуската станица. 

Дневен ред 

1.   Годишен Извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2025 година;                              2.    Предлог – Решение за давање мислење на Oдлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Јероним Де Рада“ – Куманово;
3.    Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово за 2026 година;
4.    Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2026;
5.    Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;
6.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;
7.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2026 година;
8.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
9.    Предлог - Одлука за донесување на  Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од УБ 45, плански опфат помеѓу: ул. „Иго Тричковиќ“, ул. „Егејска Македонија“, пристапна улица, КП 20313, пешачка патека, ул. „Моша Пијаде“, КП 20297, ул. „3-та МУБ“, Општина Куманово ;
10.    Предлог - Одлука за донесување на  Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу: ул.„1”, ул.„ЈНА“, ул.„2“, кп16793, ул.„3“ кп16369/2 – Општина Куманово;
11.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт  –  Детален урбанистички план за дел од УЕ „11-ти Октомври“, дел од УБ 39, плански опфат помеѓу: ул.„Доне Божинов”, ул.„Октомвриска Револуција“  ул.„Братство Единство“,  Општина Куманово;
12.    Предлог - Одлука за исправка во Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“ и дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу: граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул.„3-та МУБ, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;
13.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.