16. 09. 2020 09:01

Речиси половини од наставниците за службени потреби користат сопствен лаптоп, а 85 отсто приватен мејл

Речиси половини од наставниците за службени потреби користат сопствен лаптоп, а 85 отсто приватен мејл

 Резултатите од истражувањето „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајн настава во основните училишта“, покажале дека речиси половина од учесниците (44,5%) пријавија дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп.

84,9% од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси. Ова е проблематично од повеќе аспекти, особено од аспект на заштитата на личните податоци на учениците, кои во текот на основното образование се малолетни лица.

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис спроведе истражување „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајн настава во основните училишта“, со цел да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во Македнија во периодот март – јуни 2020 година.

- Скоро една третина од наставниот кадар (31,6%) изјави дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап. Во голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и „споделувањето“ на техничките помагала (лаптоп, компјутер), односно ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо. Речиси сите учесници во истражувањето (88,9%) се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес.Значителен број (30 %) сметаат дека подобра варијанта од „една платформа за сите“ би било кога училиштата би имале одредена слобода при изборот на платформите и софтверите преку кои ќе се спроведува онлајн наставата за нивните ученици, стои во извештајот.

 Со ставот „Во наставата има задоволителна застапеност на материјали на сите јазици на кои се спроведува наставата“ се согласуваат 45 % од испитаниците, додека 70 % од наставниците кои ја спроведуваат наставата на друг јазик (различен од македонскиот), не се согласуваат со овој став.

Во однос на учебниците и другите образовни ресурси, речиси сите учесници (93,9 %) се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците.

- Со прогласувањето на ковид-пандемијата од страна на Светската здравствена организација (СЗО) и карантините кои следуваа во многу држави, еден од најпогодените сектори беше образованието. Како последица на кризата, во  изминатиот период неминовно опадна квалитетот на образованието што го добиваа учениците во основното образование, но не за сите ученици подеднакво. Постоечките економски нееднаквости кои беа пречка и пред самата криза, уште  повеќе се  заострија и дополнително  придонесоа заразликата воквалитетот  на образованието. За жал, кај нас сè уште постојат училишта во коиинтернет-пристапот е несоодветен, а ИКТ-инфраструктурата е во лоша состојба или пак воопшто ја нема. Оваа ситуација, како имногу слабата економска состојба на семејствата, доведе до тоа одреден број  ученици  воопшто да не се во можност  да ја следат  онлајн наставата. Наставниот кадар и менаџментот на училиштата беа принудени речиси „преку ноќ“ да започнат со активности  за  кои  (во  најголемиот  број  случаи)  никогаш  не  биле  обучени.  Покрај техничките аспекти (користењето технологии, дигиталната писменост и др.), во  онлајн наставата беа занемарени и педагошките  аспекти на  наставата,  што  резултираше  со незадоволство од процесот кај сите инволвирани страни, особено кај крајните корисници - учениците, - стои во извештајот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk