×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионални и локални медиуми за вечерва најавија штрајк, бараат пониски давачки

    26.04.2022 16:15 | KumanovoNews

    Здружението на електронски медиуми „Медиум објектив" донесе одлуката од вечерва во 19 часот да се отпочне со штрајк со получасовен прекин на програмата во наредните две недели. 

    Регионални и локални медиуми за вечерва најавија штрајк, бараат пониски давачки

    Медиумите, меѓу другото, бараат за 50 проценти намалување на давачките за дозвола за емитување. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во еден пандемиски период медиумите биле ослободени од дел од давачките, но дека за ова барање не е надлежна само Владата, туку и други институции со кои треба да се разговарa.

    „Верувам дека доколку тие барања се во рамки на можностите во услови на оваа криза, а знам дека во времето на корона кризата Владата даде препораки, може да даде препорака за неплаќање или делумно плаќање на надоместоците што ги плаќаат сите медиуми, а не само регионалните. Може да се разговара, меѓутоа одлуката ќе зависи од координациите или одлуките од другите институции не само на Владата“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавениот штрајк и барањата на регионалните и локалните медуми“.


    Здружените на локалните и регионалните медуми „Медиум објектив" за вечер од 19 до 19.30 часот најави штрајк на 96 медиуми со прекин на програмата. Тие бараат од Владата да биде прифатено нивното барање за ослободување од 50 отсто за плаќањето на надоместокот за дозвола, кое го испратиле лани на 24 ноември, откако претходно Регулаторот обезбедил 50 отсто намалување.

    „Покрај тоа, подолг временски период бараме промена на Законот за АВМУ, посебно во делот на казнените одредби каде локално радио и национална телевизија за истиот прекршок се казнуваат исто, формирање на Фонд за медиуми и дополнување на членот 102 од Законот за АВМУ, изјави Димитар Мицев, претседател на „Медиум објектив".

    Получасовниот штрајк ќе трае во наредните две недели и доколку не се исполнат барањата, тогаш прекинот на програмата ќе се зголеми на еден час, а медиумите ќе престанат да ги следат активностите на челниците на локалната самоуправа и јавните претпријатија во информативните блокови и ќе ги повлекуваат екипите од прес-конференциите.