×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионалниот синдикат Куманово организира бесплатен автобуски превоз за протестот во недела

    06.12.2021 13:32 | Сузана Николиќ

    Регионалната синдикална организација во Куманово организира беспланет автобуски превоз за своите членови и граѓаните, кошто сакаат во недела да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), кој ќе се одржи пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија. 

    Регионалниот синдикат Куманово организира бесплатен автобуски превоз за протестот во недела

    „Ги повикуваме сите работници, пензионерите и сите граѓани, кои се заинтересирани да учествуваат на протестот, да се обратат во просториите на Регионалниот синдикат. Пријавувањето може да го направат секој ден од 7.30 до 14 часот, најдоцна до петок, во нашите простории во зградата на поранешен „Комитет“ на 4 кат или на телефон 071/234-007. Превоз ќе биде обезбеден само за оние граѓани коишто уредно ќе се пријават и ќе бидат евидентирани во списокот “, вели Миле Спасовски, од Региналниот синдикат Куманово.  

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест за да го изрази незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

    Протестот ќе започне на 12.12.2021 година во 12.12 часот во Скопје.

    „Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во државата, ССМ повикува и организира протест заради исполнување следните барања:
    1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .
    2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата  со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.
    3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.
    4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството“, стои во соопштението од ССМ.