Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалниот синдикален совет Куманово ја смета за насилна, нелегитимна и нестатутарна постапката за избор на новиот претседател на ССМ. Истовремено дава целосна и безрезервна поршка на досегашниот претседател и раководството до одржување на редовен Конгрес, а побараа и да се формира Синдикат на Општина Куманово како посебно правно лице.
Овие заклучоци беа донесени на денешниот состанок на кој присуствуваа и претседателите на синдикалните организации од образованието, здравството, јавните претпријатија и установи, како и претседатели на приватни фирми.
На состанокот се расправаше за новонастанатата состојба во ССМ, како и за тековни прашања.
Согласно статутот на ССМ го свикав овој состанок за да ги запознам претседателите во кумановскиот регион за она што се работеше во изминатиот месец, но и за новонастанатата состојба. Сакам да нагласам дека кумановскиот синдикат важи за еден од најактивните, а за тоа доказ се нашите резултати. Ние го формиравме првиот Економско-социјален совет, издадовме брошура за права на работниците,го подржавме првото Мобинг здружение,а во изминатите пет месеци даваме финансиска и морална подршка на стечајците - изјави Слободан Радевски, претседател на кумановскиот регионалниот синдикат.
Вчера од Синдикатот на индустија, енергетика и рударство, најавија дека најверојатно наскоро ќе се случи смена на претседателството во Регионалниот синдикат Куманово.