Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела, од 9-15 октомври, регистрирани се 11 нови случаи на грип во Куманово, покажуваат најновите податоци на Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје.
Повеќе заболени од Куманово има во Дебар – 26 и во Гостивар – 18, а регистрирани се случаи на грип уште и во Прилеп и Тетово по – 5 и Штип - 1. Најмногу од заболените се на возраст од 15-64 години.
Во текот на изминатат недела на територијата на целата држава пријавени се 66 случаи на заболени одгрип/ заболувања слични на грип, што е за 2,1 пати повеќе во споредба со претходната недела. Во споредба со 41-ва недела од минатата сезона, пак, се регистрира зголемување од 3,3 пати, додека во однос на моделот за последните 13 сезони зголемувањето е2,3 пати.
Кумулативно, заклучно со 41-ва недела, пријавени се вкупно 98 случаи на грип во земјава.
Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи.
Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2023/2024 ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици и/или Здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.