×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реизбран претседателот на Здружението на Хрвати

    27.03.2015 14:14 | KumanovoNews

    Иван Шеркиниќ, синоќа беше реизбран за претседател на кумановскиот огранок на Здружението на Хрвати.

    Реизбран претседателот на Здружението на Хрвати

    “Ова мене ми е втор мандат и истиот ќе трае две години. За 2015 година имаме подготвено програма со неколку позначајни активности, кои ќе се реализираат во Куманово. Оваа година програмата е побогата од лани, и сите граѓани преку нашата Интернет и фејсбук страна можат да се информираат за она што ние го работиме“ - рече Шеркиниќ.

    Здружението на Хрвати огранок Куманово годинава ќе организира турнир во бочање, Хрватска вечер, изложба на хрватски уметници, излети за членството и хуманитарни активности.

    Здружението на Хрватите во Македонија огранок Куманово брои стотина членови.