×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструирани се сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, кажа Бојмацалиев во Крива Паланка

    12.04.2024 12:22 | KumanovoNews

    Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, денеска беше во работна посета на Крива Паланка каде што остварија средба со раководствата на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово.

    Реконструирани се сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, кажа Бојмацалиев во Крива Паланка

    Планирана е посета и на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир” при Регионален Центар Исток, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.  

    „Во 2021 година  беше направена комплетна реконструкција и санација на целиот објект на ОВР Крива Паланка за само два месеци, за сума од над   9.000.000 денари средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди  како и заштита на животната средина. Сите полициски објекти во овој реон се реконструирани со  вкупен влог од 65 милиони денари со што уште еднаш докажавме дека задоволна и опремена полиција носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните и државата”, рече Бојмацалиев.

    Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека и во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори.