×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкција на главните сообраќајници, три кружни текови и звучни семафори најави Игор Липковски од ЗНАМ

    08.10.2025 16:24 | KumanovoNews

    Движењето ЗНАМ - За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. 

    Реконструкција на главните сообраќајници, три кружни текови и звучни семафори најави Игор Липковски од ЗНАМ

    „Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на прес- коференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски. 

    Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем - реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен
    показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.
     
    „Во следниот период се предвидува: целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11
    Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде. Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот. Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост. Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз. Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро. Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи. Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај. Безбедниот сообраќај е одговорност на сите - и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани“, додаде Липковски.

    Според него Куманово ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.