×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкција на Градски пазар најави Александар Јовановски, кандидат за советник на СДСМ

    08.10.2025 15:44 | KumanovoNews

    Денес зборуваме за проект кој одамна го заслужуваме- целосна реконструкција на Градскиот пазар одамна заслужува целосни реконструкција, со изградба на нов современ подземен паркинг и нови деловни простории.

    Реконструкција на Градски пазар најави Александар Јовановски, кандидат за советник на СДСМ

     Ова не е само градежен зафат, ова е инвестиција во животот на нашиот град, во локалната економија и во секој еден граѓанин кој секојдневно поминува тука, кажа Александар Јовановски, кандидат за советник на СДСМ.

    Буџетот за овој проект изнесува 120 милиони денари, вклучувајќи материјали за работа и технички надзор, со рок за реализација од 36 до 48 месеци, во зависност од фазите на изведба и условите на терен.

    „Најголема корист од овој проект ќе имаат: трговците кои ќе добијат современи, уредени и безбедни деловни простории, со подобра инфраструктура и услови за работа, посетителите и купувачите, кои ќе уживаат во почист, попростран и модерно организиран пазар, со лесен пристап и подобрена безбедност. Жителите на поширокото градско подрачје, кои конечно ќе го решат хроничниот проблем со паркингот и сообраќајниот хаос, благодарение на новиот подземен паркинг“, кажа Јовановски.

    Тој смета дека реконструкцијата на пазарот ќе значи: поттик за локалната трговија и економија, бидејќи подобрите услови значат повеќе клиенти и зголемена продажба; подобрување на урбаниот изглед на оваа градско подрачје; поголема функционалност и безбедност за сите граѓани и што е најважно- создаваме пазар со душа, каде традицијата и современото се спојуваат на вистински начин без губење на својата автентичност.

    Затоа, ги повика сите трговци, граѓани, млади, пензионери, да го поддржат овој проект, да ја поддржите програмата на Мартин Костовски и Советничката листа на СДСМ и коалицијата.