×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкцијата на магистралниот пат Куманово - Страцин влегува во завршна фаза

    08.10.2021 18:19 | Сузана Николиќ

    Потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ја пoсетија локацијата кадешто во тек е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово - Страцин.

    Реконструкцијата на магистралниот пат Куманово - Страцин влегува во завршна фаза

    Рехабилитација на магистралниот пат Куманово - Страцин е поделена на два дела, односно фази. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и според динамиката се очекува во текот на следниот месец да биде комплетно завршена рехабилитацијата.

    „Како дел од паневропскиот Коридор 8, доизградбата и модернизацијата на магистралниот пат Куманово - Страцин е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава. Поврзувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји, а со тоа и со земјите од Европа, е наш стратешки приоритет! Токму овој Коридор е во фокусот и на Европска унија и е вклучен во Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија“, рече вицепремиерот Љупчо Николовски.

    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посочи дека  изградбата на капиталните проекти се врвен приоритет на Владата.

    „Покажавме како се гради, како правилно и рационално се трошат буџетските средства, преку кои создаваме просперитетна држава со модерни патишта и силни општини. Капиталните инвестиции во ресорот Транспорт, токму тоа го покажуваат. Заклучно со третитот квартал, реализацијата на капиталните инвестиции се движат над 68% од основнот буџет на министерството, што покажуваат силна динамика во изградба на патиштата, водоводните и канализационите системи и  гасификацијата. Тоа ни дава за право да испорачаме силна реализација на капиталните проекти до крај на годината“, рече министерот Бочварски.

    Вицепремиерот Николовски и министерот Бочварски, посочија дека во истокот и свероистокот како никогаш досега се реализираат крупни капитални инвестиции во патната инфраструктура. Се гради трета лента кон граничниот премин Деве Баир, изградбата на експресниот пат Крива Паланка - Ранковце, магистралниот пат кадешто сме во моментов Куманово - Страцин, изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип - Радовиш, забрзано се гради патот Крупиште - Кочани. Веќе се пуштени во употреба патните правци Пробиштип - Крупиште и Штип - Крупиште.