×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аматерската реконструкција на малиот плоштад е резултат на владеењето на Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

    24.02.2025 13:14 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ ги обвини градоначалникот Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ за недомаќинско и неодговорно работење, а како пример ја посочи реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово, која започна во јануари минатата година.

     

    Аматерската реконструкција на малиот плоштад е резултат на владеењето на Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

    „Градот секојдневно тоне во сивило и безидејност, а денешниот изглед и начин на реконструкција на плоштадот Маршал Тито, кој е еден од позначајните белези на Куманово е еклатантен пример за неодговорното владеење на Максим Димитриевки и ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Драгана Коцевска, од СДСМ.

    Таа потсети дека е потрошена огромна сума на народни пари, прво во износ 774.000 евра, па уште дополнителни 65.000 евра за атмосферска канализација и канделабри.

    „Плоштадот е направен крајно аматерски, со гранитни плочки со различита боја и висина по кои граѓаните тешко се движат. Подолго време гледаме дека нема градежни работи. Додека траеја градежните работи не се водеше сметка за безбедноста на граѓаните а денес малиот плоштад е оставен така, без никакви заштитни мерки. Не знаеме дали е завршен,и до кога ќе трае оваа агонија.  Не знаеме колку ќе не чини сите нас недомаќинското и неодговорното работење на градоначалникот во заминување Димитриевски. Не знаеме ни советниците од локалната владеачка коалиција до кога ќе бегаат од расправа за оваа тема“, додаде Коцевска.