Реновирана работилницата во “Наце Буѓони“
28.11.2013 11:50
| KumanovoNews
Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ утре во 11 часот ќе биде пуштена во употреба реновирана работилница.

Сретствата се добиени од УСАИД и локалната самоуправа, преку проект за интеретничка интеграција во образованието.
На отварањето ќе се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски, амбасадорот на САД, Пол Волерс и директорката Лидија Михајловска.