Ретроспективна изложба на фотоколонијата „Старо Нагоричане 2016- 2019“
        23.02.2021 13:42
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток во 12 часот, ќе биде отворена Ретроспективната изложба на уметничка фотографија од Фотоколонијата “Старо Нагоричане 2016 – 2019“.
 
                  Изложбата содржи триесеттина фотографии од исто толку автори – фотографи од целиот Балкан, учесници на колонијата. Настанот е организиран од Фото секцијата „Ф-7“ од Куманово и координаторот Душан Доцевски а посетителите, следејќи ги пропишаните здравствени протоколи, ќе можат да ја погледаат оваа изложба секој работен ден до 4.03.2021 година.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




