×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективна изложба на Мирослав Трендафиловски во Центарот за култура

    01.12.2020 11:15 | KumanovoNews

    Ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“, во ќетврток ќе биде поставена во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Ретроспективна изложба на Мирослав Трендафиловски во Центарот за култура

    Изложбата содржи 30-тина слики и цртежи преку кои се претставени творечките фази на овој ликовен автор.

    Трендафиловски, вели да бидеш сликар, значи да бидеш човек кој има свој свет, свои погледи и своја приказна на животот која честопати не е разбирлива и прифатена од околината во која живееш, да користиш различни техники преку и со кои ќе создадеш свој ракопис.

    „Користам чисти бои, разни прелази и валери, богатство на колорид кој на прв поглед делува хаотично но кога малку повеќе време се посвети на сликата се открива хармонија, спокој и игра. Колку успеав во тоа незнам, само знам дека денес имам свој ракопис кој е карактеристичен и препознатлив во државата и пошироко, а честа да го оценат мојот труд и творештво им припаѓа на другите. Повод за оваа изложба е сликата „Раѓање на...“ создадена во далечната 1974 година кога имав 16 години и кога започна моето активно ликовно творештво“, вели авторот.

    Проектот е подржан од Министерството за култура на РС Македонија. Посетителите можат да ја погледнат изложбата секој работен ден до 10-ти декември, придржувајќи се кон пропишаните здравствени протоколи.Мирослав Трендафиловски (Мики) e сликар, роден 1958 година во Куманово, каде живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 27 самостојни изложби ( Куманово, Скопје, Свети Николе, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Неготино, Кочани, Струмица, Крушево, Кратово, Кавадарци, Битола, Виница Охрид, Приштина, Врање, Јагодина, Крагуевац, Ниш) и учествувал на голем број меѓународни ликовни колонии и групни изложби во земјава и надвор од неа. Своето прво самостојно преставување го има доживеано во далечната 1981 година од минатиот век како војник во Приштина тогашна СФРЈ.

    Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници за своето 45 годишно ликовно творештво. Во последните дваесет години од своето ликовно творештво работи како уметнички раководител на повеќе Меѓународни ликовни колонии и културни манифестации во земјава и надвор како „Карпино“, „Македонса икона“, „Петровденски конаци“, „Арт варијации“ , „Стари поток“ и други.