Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот 11 Октомври, во недела на езерото “Гого - Монт“ риболовците од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе организираат натпревар.
Риболовците ќе се натпреваруваат поединечно во рибарење во категориите кадети, јуниори и сениори.
Ова ни е традиционален натпревар и секоја година интересот е задоволителен. Се пријавуваат риболовци од Куманово, а за најдобрите ќе има пехари, дипломи и медали. Да се биде победник во град Куманово е големо признание. Лани на овој настан учествуваа над 35 рибари - рече Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Натпреварот се организира повеќе од 10 години.