Риболовците се спремаат за прослава на Водици
03.01.2013 11:16
| KumanovoNews
Традиционално петта година по ред риболовците за Водици ќе се соберат на Градскиот кеј, каде ќе го прослават празникот и ќе изберат кум.

Кумството го добива оној, кај кого ќе се падне паричка во лепчето што се дели на Водици. На почетокот доволно беше секој риболовец да донесе пивтии од дома, а сега веќе се подготвува софра која ја осветува поп. Има многу дружење со што го одбележуваме празникот - вели Бранислав Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.
Тој додава дека на настанот присуствуваат и претставници од локалната самоуправа.