Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Роберт Лазаревски е избран за нов претседател на Здружение за спортско риболовство “Пчиња“.
Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Бранислав Димовски, кому му заврши мандатот.
“Моја заложба ќе биде да се намали кражбата на риба, да се учествува на сите државни натпревари, купови, да се организираат акции за порибување. Имаме подготвено програма за наредните четири години. Јас сум активен риболовец и десетина години членувам во “Пчиња“ - вели Лазаревски.
Здружението “Пчиња“ брои над 500 членови, љубители на спортски риболов.