×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роденденска крводарителска акција на ЛДП

    16.04.2015 11:25 | KumanovoNews

    Членови и симпатизери на општинската организација на ЛДП Куманово, денеска на одделот за трансфузија во Општа болница Куманово, даруваа крв во чест на 18-от роденден на партијата.

    Роденденска крводарителска акција на ЛДП

    За ЛДП Куманово ова е 15-та по ред крводарителска акција и тие се прва политичка партија, која започна со традиционално организирање на крводарителски акции во градот.

    Нашата партија од 2000 година во низа организира вакви хумани акции. Она што посебно ме радува има членови на ЛиДеМ, дојдоа и членови од Скопје. Веќе се запишани 12 крводарители и до крајот на оваа крводарителска акција очекуваме преку 20 единици крв да се соберат. Секоја година се движиме тука некаде од 20 до 25 единици - изјави Зоран Павловски, претседател на општинска организација на ЛДП Куманово.

    Младите истакнаа дека редовно даруваат крв и горди се на тоа што можат на ваков начин да помогнат некому.

    Мене ова ми е 5-ти пат како дарувам крв и секогаш е убава помислата дека ако даруваш крв, можеш да спасиш нечиј живот. И понатаму ќе продолжам и сметам дека ова е еден хуман начин да се помогне на друг човек, ако не може поинаку - вели Давид Цаневски, претседател на ЛиДеМ Куманово.

    Оваа недела ЛДП Куманово организира повеќе активности, по повод 18 години постоење на партијата на политичката сцена во Куманово и Македонија.