×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родителите немаат пари да го погребаат починатото дете

    25.12.2014 08:59 | KumanovoNews

    Ива Мирковиќ (5) од Куманово е девојчето кое во саботата почина на Клиниката за детски болести во Скопје.

    Родителите немаат пари да го погребаат починатото дете

    Обдукцијата ќе покаже кои се причините за смртта, но нејзините родители тврдат дека детето немало здравствени проблеми, ниту, пак, тие ја малтретирале, пренесува весникот Вест.

    Девојчето не можеше да зборува, но беше здраво. Ја бањав кога и се слоши, и одеднаш се вкочани во коритото. Почнав да ја масирам, но немаше никаво подобрување. Со баба и ја извадив од водата и ја легнавме на кревет. Кога дојде маж ми од работа ја завиткавме во ќебе и ја однесовме во болница. Лекарите и дадоа прва помош, па не пратија во Скопје. Некаде во Арачиново ќе ни умреше, но ја масиравме со медицинската сестра и сестра ми, која тргна со мене, па ја повративме, - раскажува мајката Весна за Вест.

    Кога стигнале на Клиниката, несреќното девојче било сеуште живо, но телото и било толку ладно што лекарите ги прашувале дали го чувале во фрижидер. Се обиделе да го реанимираат, но немало спас. Околу 1 часот по полноќ ја загубиле битката за животот на Ива.  

     Семејството Мирковиќ, со три деца, а мајката е бремена, живее во собичка од десетина квадрати, без струја и вода, во невидена сиромаштија и нечистотија, во напуштената зграда на некогашниот суд, кај Болницата во Куманово. Таткото собира старо железо, а мајката бара храна по контејнери. Не примаат социјална помош затоа што немаат лични документи, ниту децата им се запишани во матично. Сеуште не го презеле мртвото тело на Ива, бидејќи немаат пари за погреб.

    Три дена стои телото во капела во Скопје, а ние немаме пари да отидеме по него. Немаме 3600 денари да купиме ковчег и да платиме превоз. Страв ми е дека ќе ја погребаат во Скопје и нема да ни ја дадат. Затоа апелирам до луѓето кои можат да ни помогнат, - вели таткото  Драган.

    Во Центарот за Социјални работи во Куманово ни кажаа дека семејството Мирковиќ не е евидентирано кај нив, ниту пак досега таткото барал помош. Тие вчера започнале постапка за вадење на лични документи на родителите и децата, и ќе им помогнат со социјална помош во законските рамки. Основното јавно обвинителство треба да утврди дали има кривично дело во однесувањето на родителите кон детето, дали тоа било запуштено, малтретирано и неухрането.

    Бројот на  Драган е  075 535 890 за сите кои сакаат да помогнат.