×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рома-труба фест вечерва на градскиот плоштад во Куманово со Агушеви и Ферус Мустафов

    27.08.2020 10:15 | KumanovoNews

    На Градскиот плоштад во Куманово, вечерва, со почеток во 19 часот, по 15-ти пат ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.

    Рома-труба фест вечерва на градскиот плоштад во Куманово со Агушеви и Ферус Мустафов

    Oваа година, јубилејниот фестивал ќе трае само еден ден, исклучиво со домашни изведувачи и под посебен протокол за заштита од вирусот ковид-19.

    Фестивалот ќе го отвори оркестарот „Уска Кан Кантуров“, по што ќе следуваат оркестрите од Кочани, „Млади Агушеви“, „Stars Band“, „Млади Таленти“, „ИСМО Бенд“, „Роберт ft. Ферчо & Bad Boys“.

    Химната на Ромите „Џелем џелем“ ќа ја отпее Роки Селими од Скопје, кој наспатувал на музичката манифестација Звезде Гранда, а специјален гости на вечерта ќе бидат Џељо Дестановски, Ферус Мустафов, Руфат-Роки Селимовски и Џело Дестановски.

    „Химната „Џелем џелем“ ќе ја испее Роки Селими, се работи за еден исклучителен изведувач. Фестивалот требаше да се одржи два дена но поради состојбата во којашто се наоѓаме, ќе го запазиме редот и затоа фестивалот ќе биде една вечер. Концерот ќе трае повеќе од 4 часови, секоја група ќе настапи по 20 минути. И оваа година програма ќе биде разноврсна и ќе бидат задоволени вкусовите на сите љубители на трубата“, рече директорот на фестивалот Самет Салиевски.

    Тој додаде и дека ќе бидат запазени сите протоколи, ќе има 300 столчиња за седење, простор за стоење,  ќе има средства за дезинфекција, а обезбедување ќе контролира дали се почитуваат протоколите.

    Манифестацијата е во организација на Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура. За реализација на оваа манифестација се одделени 300 илјади денари од Општина Куманово и 700 илјади денари од Министерството за култура.