Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Романска фирма сака да купи 20 тони мед од Македонија.
Во преговорите за обезбедување на потребните количини на мед се вклучени пчеларите од Здружението “Пчела“ од Куманово.
Оваа соработка ја договоривме при последната посета на Романија кога бевме во посета на фабрика за преработка на мед. Куманово не може да испорача толкава количина бидејќи оваа година не е медоносна. Романците бараат исклучиво шумски мед, црн мед кој овде потрошувачите не го сакаат бидејќи не ги знаат неговите карактеристики. Овој мед е богат со минерали и затоа е повеќе баран. - вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела„.
Кумановските пчелари ќе одржат состанок со фирма од Романија со претставништво во Битола за да ги обезбедат потребните количини мед.