Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Амбасадорката на Република Романија, Адела Моника Аксинте, придружувана од почесниот конзул Алириза Османи, денеска беше во посета на Општината и на Општата болница во Куманово.
На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски била истакната потребата за соработка во повеќе општествени области за да се искористи големиот потенцијал, кој го поседуваат двете земји.
„Ги истакнавме реалните можности и очекувања за натамошен развој на пријателските односи помеѓу Македонија и Романија, како и заедничкиот интерес за размена на искуства во сите актуелни сфери на дејствување, кои претставуваат механизми за создавање блиски релации помеѓу двете држави“, кажа Димитриевски.
Во Општата болница, амбасадорката Аксинте и директорката Снежана Захариева, разговарале за функционирањето на болницата во услови на криза и можностите за взаемна соработка.
„Амбасадорката пројави интерес за посета на лекари од двете држави и размена на професионални искуства и помош за набавка на медицинска апаратура“, објави Захариева.