Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 8-ми април Светскиот ден на Ромите, огранокот на СДСМ од ромската етничка заедница организираше панел - дискусија на тема: „Интеграција на ромите во општеството„.
Присуствува претставници од политичките партии, локалната самоуправа И невладиниот сектор.
-Во измината година, малку се работеше на интеграцијата на Ромите. Државните институции, поаѓајќи од Владата во 2009 речиси ништо не направи за подобрување на стаустот на Ромите. Се уште не се решени основните социјални права, голема е бројката на невработените, а условите за живот во ромските семејства се под минимумот на човековото достоинство. Има напредок во однос на образованиетоно, но и тука треба да се превземе иницијатива за подбрување на резултатите и на овој план - изјави Зекрет Ќазимовски советник од СДСМ.
И невладиниот сектор смета, дека надлежните институции треба да вложат за интеграција на Ромите.
-Генерално невладиниот сектор реализираше проекти од Декадата на ромите и тука работите тргнаа во нагорна линија, но сепак државата, но и Локалната Самоупрва треба повеќе да се заложат-вели Ахмет Јашаровски од невладината организаицја ДРОМ.
Генерален заклучок од оваа тркалезна маса беше дека оваа година треба повеќе да се работи на ромското прашање за интергрирање на Ромите во сите сфери на општественото, политичкото и културното живеење во државата.