“Ротари“ ќе ги водат децата од “Порака наша“ во Зоолошка
14.11.2013 09:40
| KumanovoNews
Членовите од “Ротари„ клубот Куманово за корисниците на услугите на здружението за лица со посебни потреби “Порака наша“ утре организира посета на Зоолошка градина во Скопје.
Обезбедивме превоз со автобус за 30-тина деца, ужина, како и влезници за во Зоолошката градина. - вели Љупчо Димитриевски, претседател на “Ротари клуб“.
“Ротари клуб“ и досега има организирано хуманитарни активности за лицата со посебни потреби.