Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата на Руската федерација ја одобри листата на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, нејзините компании и граѓани. На листата со речиси 50 земји се наоѓа и Македонија.
Според соопштението на руската влада, непријателски земји на Русија се: САД, Канада, Велика Британија (вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британски Девствени Острови, Гибралтар), сите земји членки на ЕУ, Украина, Сан Марино, Северна Македонија, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.
Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.