×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рускиот амбасадор се заблагодари за изучувањето на рускиот јазик во Куманово

    02.02.2022 20:54 | Жаклина Цветковска

    Изразуваме благодарност што во Општина Куманово се изучува рускиот јазик како никаде во државата. Русија останува посветен пријател на вашата земја и ние сме подготвени за конструктивна взаемно корисна соработка, истакна амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин при денешната посета на Куманово.

    Рускиот амбасадор се заблагодари за изучувањето на рускиот јазик во Куманово

    На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски и други претставници од двете страни се разговарало на повеќе теми, а пред се за понатамошното унапредување на образовната соработка, економијата и земјоделието.

    „Имаме голем број на студенти од Куманово кои го усовршуваат своето образование на државни универзитети во Русија, стипендирани од Руската Федерација. Ќе го посочам и примерот на соработка на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово со 13-тата Гимназијата од Санкт Петербург. Во иднина би можела да се зголеми размената и соработката помеѓу основните и средни училишта од двете страни“, истакна Димитриевски.

    На средбата се разговараше за досегашната и идна соработката помеѓу компании од Куманово и од Русија, како и поврзување и размена и во областа на земјоделството.

    Амбасадорот Баздникин потенцираше дека Руската федерација безусловно ја признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет , а ги вклучува и заедничките вредности на двете земји, како што е антифашистичката борба.